ПОВЕЌЕ

    Старееме побрзо од Европејците: македонските граѓани имаат просечно 42,21 година 

    Време зa читање: 2 минути

    Средната возраст на населението во Македонија во 2025 година изнесува 42,21 година, што е за речиси пет години повеќе во однос на 2015 година, кога просекот бил 37,4 години. Иако земјава и понатаму има помладо население од просекот на Европската унија, трендот на стареење е изразен.

    Според податоците на Еуростат, просечната возраст во ЕУ изнесува 44,9 години, што е зголемување од 2,1 година во однос на 2015 година (42,8 години).

    Во Регионот, помладо население од Македонија има само Црна Гора со 40,4 години. Постаро население имаат Албанија (44,3 години) и Србија (45,4 години). Просечната возраст во Грција и Бугарија е 47,2 години, додека во Хрватска и Словенија изнесува 45,5 години.

    На ниво на Унијата, најмладо население има Ирска со 39,6 години, а најстаро Италија со просек од 49,1 година.

    Стареењето е најизразено во Словачка и Кипар, каде средната возраст е зголемена за 4 години во изминатата деценија. Следуваат Италија (+3,9 години), Грција и Полска (+3,8 години), како и Португалија (+3,7 години).

    Иако Македонија сè уште е под европскиот просек, податоците покажуваат дека демографското стареење се забрзува и во земјава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично