Имателите на перпетуални обврзници од УНИ банка, овој четврток (12 февруари) ќе ја добијат полугодишната камата пресметана по годишната стапка од 6 проценти. Ова се однесува за обврзниците од четвртата емисија со ИСИН MKBLBA200045 и шифра UNIPO4.
Право на исплата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност, заклучно со 11 февруари.
Од Банката посочуваат дека тргувањето со овие обврзници на 10 и 11 февруари ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 182 и 183 денови соодветно: „Купувачот при порамнувањето на 12 и 13 февруари ќе треба да му го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 12 и 13 февруари 2026 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата“.
Аналитика








